ФФМ ги спречи Вардарци да ја видат Европа

Од Фудбалската Федерација на Македонија денес известија дека редовното лиценцирање на клубовите за настап во натпреварувањата организирани од УЕФА е потврдено за 8 од вкупно 10 клубови од ПМФЛ. Единствените два клубови кои не ја добиле оваа лиценца се ФК Вардар и ФК Победа. Жалбата која ФК Вардар ја поднел до Комисијата за жалби за … Continue reading ФФМ ги спречи Вардарци да ја видат Европа

Advertisements

Најнова техника во македонското новинарство – измислување скандали за лајкови

ФК Шкендија сезонава ја одбрани титулата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).  Прославата се случи по натпреварот против Академија Пандев во неделата кога играчите традиционално ја кренаа титулата сликајќи се со пано на кое пишува „ПРВА МФЛ 2018/2019 ШАМПИОНИ“. Македонскиот спортски медиум Sport1.mk на социјалната мрежа фејсбук денес промовираше своја статија со натпис: „ГОДИНАВА И … Continue reading Најнова техника во македонското новинарство – измислување скандали за лајкови

Љубители на спортот или хулигани?

Навивачки групи- збир на фудбалски фанатици или извор на меѓуетнички тензии? Навивачките групи од секогаш биле синоним за хаос, нереди и насилство. Тоа е реалност која е карактеристична особено за државите од Источна Европа. Полска, Чешка, Србија, Хрватска се дел од земјите кои со децении се борат против хулиганството како субкултурна појава. За разлика од … Continue reading Љубители на спортот или хулигани?

Како пропадна македонскиот фудбал

Еден краток преглед на случувањата на „Градското дерби“ 9 сезони наназад со цел да се обидам да одговорам на прашањето: „Каде се изгуби убавината на дербито на вечните ривали, Вардар и Работнички?“ На натпреварот меѓу градските ривали Вардар и Работнички  кој се одигра на градскиот стадион во Скопје пред една недела присуствуваа не повеќе од 300 … Continue reading Како пропадна македонскиот фудбал

ФК Работнички повторно чекор пред сите

  По успешните хуманитарни и крводарителски акции, фудбалскиот клуб Работнички уште еднаш  дава пример кој треба да го следат сите други тимови и покажува како треба да се претставува македонскиот фудбал надвор од рамките на државата. Клубот од Дебармаало беше дел од првиот семинар на УЕФА за инклузија на лицата со попречености во фудбалот (Centre … Continue reading ФК Работнички повторно чекор пред сите

„Омразата не игра на наш терен“

Фудбалската Федерација на Македонија(ФФМ) и Организацијата за безбедност и соработка на Европа(ОБСЕ) ја промовираа кампањата „Омразата не игра на наш терен“ која има за цел спречување и одстранување на насилството и говорот на омраза на навивачките трибини. „Фудбалот е одлична платформа  за испраќање на позитивни пораки. Повикот за фер навивање упатен од страна на нашите … Continue reading „Омразата не игра на наш терен“

Како прволигашите ја користат зимската пауза

Првата полусезона од првата македонска фудбалска лига заврши со убедливо водство на Шкендија кога станува збор за бодовната состојба. Вардарци се соочуваат со сериозна финансиска криза што резултираше и во суспензија од УЕФА, “романтичарите“ се пофалија со нов спонзор. Како резултат на се ова, зимскиот трансфер период оваа година донесе многу интересни промени во првата … Continue reading Како прволигашите ја користат зимската пауза

“Хулиганите“ кои спасуваат животи

Членовите на навивачката група “Лозари“ од Кавадарци уште еднаш покажаа зошто “хулиганите“ се многу повеќе од неизживеани деца кои дивеат по спортските терени, како што во јавноста често се претставуваат. На иницијатива на Дарко Недев, момчето кое на традиционалното осветување на водите по повод христијанскиот празик Богојавление успеа да го фати крстот, и со поддршка … Continue reading “Хулиганите“ кои спасуваат животи

ФК Вардар суспендиран од УЕФА

Фудбалскиот клуб Вардар ги преживува едни од најцрните денови во својата историја. Долгови, порази, трансфери и неизвесност преовладуваат во клубот откако рускиот газда дефинитивно го најави своето повлекување и предавање на клубот во рацете на Град Скопје.   Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија се најде на ‘‘листата на срамот‘‘ покрај другите должници на Управата за … Continue reading ФК Вардар суспендиран од УЕФА

Дали би гледале македонски фудбал во недела попладне?

Еј имаш блог, за што пишуваш? -Македонски фудбал 🙂 *непријатна тишина* На кратко, ова е скоро секој муабет на тема мојот блог што се случува надвор од стадион. Најчесто следи и прашањето: ‘‘Зарем имаме македонски фудбал за кој вреди да тераш цел блог?‘‘, а понекогаш дури и луѓе мислат дека не сум сериозна со одговорот. … Continue reading Дали би гледале македонски фудбал во недела попладне?